X
 07.06.2016 Култура

Откриено е како Коперфилд го изведува својот најпознат трик

Еден од најпознатите трикови на Дејвид Коперфилд е исчезнувањето група членови во публиката. Сега, јавноста ги дозна деталите позади овој трик од судски документи откако еден посетител тврдел дека добил оштетување на мозокот откако бил дел од илузијата.


Гевин Кокс од Лондон бил повикан на сцената од страна на Коперфилр во 2013 и бил еден од 13-те учесници кои биле затворени во кафез и добиле оган за да го држат пред публиката. Волонтерите биле однесени преку таен премин надвор од театарот пред Коперфилд да ја отстрани наметката и да открие дека ги нема. Потоа, тие чудесно се појавиле на другата страна од театарот.

Но, работите не оделе според планираното за Кокс, кој изјавил дека бил избрзан низ тајниот премин до другата страна од зградата што паднал и добил повреда на рамото. Тој тврди дека имал повеќе операции на грбот и вратот и поради тоа добил трајно оштетување на мозокот.

- Беше како да се вклучил аларм за пожар. Велеа: Побрзо! Трчај, трчај, трчај.

На Кокс му било кажано од страна на самиот Коперфилд да не открива како бил направен трикот. Повредениот посетител го тужи Коперфилд, а неговата одбрана изјавила дека илузијата била изведувана повеќе од 15 години со над 100.000 учесници.

Судењето е закажано за 2017.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура