X
 20.10.2016 Живот

Најдобрите професии за луѓето што не сакаат луѓе

Има луѓе што не сакаат да работат со други луѓе. Ако сте еден од нив, потрагата по работа може да Ви биде проблем. Но, постојат професии што би ви Ви одговарале на личноста, дури и кога тоа значи да немате соработка со други луѓе.

дедо и секира


Occupational Information Network е база со податоци на Министерството за труд на САД во која може да се најдат предлози за професии ако имате такви специфични барања. Оваа мрежа оценува на скала од 0 до 100 колку една работна позиција бара се се биде во контакт со други, или да се биде љубезен со другите. Еве листа на такви професии кои бараат минимална интеракција со луѓе:

1. Сервисери на часовници
2. Разделувачи на камења (овие работници разделуваат блокови од камени плочи со големи димензии со помош на машини и клинови)
3. Оператори на земјоделски машини
4. Математичари
5. Економисти
6. Грнчари
7. Фарбачи на транспортни возила
8. Сетери на машини и оператори
9. Дрвосечачи
10. Работници за рачно брусење и полирање
11. Работници за пресување на облека и текстил
12. Занаетчиски дејности
13. Поети, текстописци и писатели
14. Земјоделски работници
15. Ловци

Се пронајдовте ли во некоја од професиите?
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот