Германија е една од најпопуларните земји во моментов за мигрантите од целиот свет, особено од балканските земји.
Според ново истражување, во оваа земја најмногу заработуваат докторите, пренесува „Фактор“. Колку изнесуваат највисоките плати во Германија и кои се професиите?
Докторите во Германија заработуваат просечно
77.950 евра годишно. Правниците заработуваат просечно
65.040 евра, а инженерите и професионалците од информатичката технологија заработуваат просечно
59.000 евра на годишно ниво.
Кога станува збор за секторите, најплатен сектор е банкарството, по што следуваат фармацијата и автомобилската индустрија.
Каде се заработува најмногу?
Истражувањето покажало дека заработувачката зависи и од местото. Најголема заработувачка имаат вработените во Хесе, Баварија и Баден-Виртемберг.
Образованието игра улога
Работниците со високо образование во Германија заработуваат просечно 35% повеќе. Соодветно, докторите на науки заработуваат 16% повеќе од магистрите во истата индустрија.
Инаку, се
проценува дека до 2020 година Германија ќе има потреба од
1,3 милиони работници.