X
 09.09.2021 Живот

Република Српска ќе им дозволи на вработените да земат боледување поради прегорување од работа

Вработените во Република Српска, Босна и Херцеговина, од наредната година ќе може да земат боледување поради „прегорување“ на работното место, пренесува „Екапија“.

Фондот за здравствено осигурување на Република Српска ќе ја воведе дијагнозата „прегорување на работа“ во листата со болести следејќи ги светските трендови. Светската здравствена организација (СЗО) го ставила овој синдром во својот прирачник за класифицирање на болести. Од Фондот изјавиле дека заедно со надлежните институции на Република Српска ги следат активностите на СЗО и ги применуваат сите промени и новости.


Фото: Freepik

Психологот Слаѓана Цветковиќ посочила дека постојат јасни дијагностички критериуми за препознавање на овој синдром.

- Луѓето што се склони на професионално прегорување не користат боледување, не одбегнуваат работа, сè додека едноставно не можат да одат. Мислам дека е во интерес на работодавецот да не му прегоруваат вработените поради квалитетот и продуктивноста во работата - изјавила Цветковиќ.

Од здружението на синдикати сметаат дека ова подобро ќе ги заштити работниците, додека од здружението на работодавци тврдат дека е непримерно сега да се прошируваат причините за заминување на боледување.

Извор: Ekapija
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот