X
 23.02.2017 Технологија

Како најдобро да се заштитите на интернет?

Се повеќе интернет страници им бараат на корисниците е-меил адреси, но и други лични информации, како име и презиме и сл. Други пак, со изговор дека профилот така ќе Ви биде побезбеден бараат одговори на чудни прашања како, ‘Кое е средното име на мајка Ви?’.

логирање


Стручњаците се почесто нагласуваат дека за податоците на интернет треба да се лаже. Кога една интернет страна Ви поставува безбедносно прашање, како на пример страна за онлајн купување, не е чудно да го сретнете и на Вашиот профил на iCloud. Ако хакерите дојдат до информацииите што сте ги ставиле на една страна, може да дојдат до повеќе профили, па дури и до Ваша банкарска сметка. Лажењето нема да Ве заштити од сите напади, но ќе ги намали шансите хакерите да дојдат до вистински информации за Вас.

Зошто се потребни тие информации?

Фејсбук не мора да го знае Вашиот роденден, но потребен е за да се одбере публика за рекламите од кои заработува пари.

Таквите прашања се добри кога одговорите не се забораваат ако се вистински, затоа што може да се вратите на профилот во случај да ја изгубите лозинката. Добро е да не ставате ист одговор за исто прашање, а најдобро е да ги запишете сите на лист хартија.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија