X
 14.01.2019 Живот

Арнолд Шварценегер раскажа за подемите и падовите

Јасни се успесите и подвизите на 71-годишниот Шварценегер, кој во последно време целата сила ја насочи на мотивирање на младите во периодот кога се бараат себеси.

На јутјуб-каналот „Мулиган брадрс“ неодамна се појави видео во кое германскиот актер 12 минути зборува за секојдневна доза на мотивација и борба со себеси, објаснува на кој начин станал мистер универзум, титула која, како што вели, му дала можност да биде ѕвезда и да стане богат.

Но, во тоа не е вистинската среќа.

Шварценегер раскажува за моментот кога еден новинар го прашал Мухамед Али колку стомачни може да направи, а тој одговорил: - Не бројам додека не почне да боли. Тогаш знаете дека сте на правилниот пат. Впрочем, никој тоа подобро не би го објаснил од Шварценегер. Луѓето во коментарите под видеото се согласуваат во една работа - луѓето станаа премногу меки.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот