X
 23.10.2016 Култура

Хигсовиот бизон препознат во Алтамира


Пештерските уметници цртале два различни видови бизони и така им помогнале на денешните научници во нивното откритие.


Хигсов бизон на ѕид од пештера во Алтемира


Нашите предци биле многу вешти уметници. Сликале пред околу 35.600 години, а првите вистински уметнички дела датираат од подоцните раздобја, најмалку 18.500 години. Овие најрани слики што настанале од човечка рака се пронајдени во пештерата Алтамира, во шпанската покраина Сантандер. Неодамна е снимен филм за романтична приказна од 19 век, поврзана со случувањето кое едноставно е наречено Алтамира, каде Антонио Бандерас ја толкува улогата на Марселино Санцо де Саутуоло, археолог аматер, на кого никој не му верува дека сликите навистина потекнуваат од нашите предци. 

Пештерата случајно ја открила неговата осумгодишна ќерка Марија, а Саутуоло сфатил дека станува збор за огромно откритие. Но, не го дочекал признанието, бидејќи бил исмејан од критичарите кои дваесетина години подоцна се покајале заради тоа. Саутуоло умрел пред неговите критичари да можат, на пример во Ласко во Франција, да ги разгледаат новооткриените пештери со слични слики. Веќе не можело да се рече дека се работи за случајност.  

На шпанскиот рекреативен археолог му префлувале дека откритието е фалсификат. А сликите биле неверојатно уверливи. Прикажувале човечки раце, апстрактни цртежи, животни, степски бизони и диви животни. Но, имало и други цртежи на кои не биле претставени степски бизони, а повеќе личеле на модерните американски и европски бизони. Еволутивната историја на денешните европски бизони била мистерија. Сè досега. Меѓународниот тим од научници предводени од стручњаците од Австралискиот центар за предисториска ДНК од Универзитетот Аделаид, препознале дека цртежите навистина би можеле да бидат графички приказ на еволуцискиот пат на денешните бизони. Тоа го потврдиле со анализата на ДНК-та и го објавиле во списанието Nature Communications. Сликите покажувале како европскиот бизон настанал од степските бизони. Како што покажа ДНК-та, хибридизацијата се случила многу претходно од настанокот на палеолитските цртежи, дури и пред 120.000 години. Собраниот генетски материјал од цела Европа, покажал важни разлики во однос на генетиката на тогашниот европски бизон. Сè упатува на нов вид мешан степски бизон, на кој научниците му го дале името Хигсов бизон. Тоа што е вистински чудно, како што се наведува во меѓународната студија, е што кај цицачите мешањето е многу редок случај.

-    Кога се формирал овој нов хибриден вид, а се чини успешен, лесно се прилагодил на студените периоди, така што останал најголемиот европски вид што го преживеал последното големо изумирање, вели еден од авторите на студијата, д-р Алан Купер.

Цртежите и пронајдните остатоци покажуваат дека Хигсовиот бизон бил моќно животно кое си го менувало врвното место со степскиот бизон, а според научниците тоа било предизвикано од климатските промени.   

-    Сликите во пештерите на францускиот Ласко покажуваат два различни видови бизони, а се покажало и дека нивната старост коинцидира со староста на поедини видови. Никогаш не сме претпоставиле од колкава помош би можеле да ни бидат старите цртачи цртајќи призори од двата вида, рече друг автор од научната студија, д-р Џулиен Субрер.

Од пештерската уметност јасно се распознаваат видовите со долги рогови и силни предни екстремитети од видовите со кратки рогови и поголема грба. Значи, од цртежите лесно се препознават американскиот и европскиот бизон, кои денес се заштитени видови.

Но, истребувањето на европскиот бизон на почетокот од 20 век го предизвикал самиот човек. Последниот див европски низински бизон е застрелан во полската Беловешка шума во 1921 година, по што останале само 54 европски бизони во заложништво на зоолошките градови. Набрзо потоа два се пуштени во резерват во Беловешката шума. Денес ги има околу пет илјади, а потекнуваат од пет грла што биле подобни за парење, откако бил убиен последниот див низински бизон.       
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура