X
 23.10.2016 Култура

Октоберфест на кинески начин



Градот Кингдао, каде што се одржува фестивалот, се наоѓа на саат и половина лет од Пекинг, а познает и прославен е по пиварниците што ги основале, верувале или не, доселениците од Германија. Тука се произведува и најпознатото кинески пиво, Цингтао.


Кинески Октоберфест 1


Неизбежни се темите поврзани со Кина, што е и логично, бидејќи е една од најголемите држави во светот, каде постојано се случува нешто ново. Неодамна дознавме за кинеската верзија на славниот фестивал на пивото, Октоберфест, па веста сама по себе е атрактивна за споделување.

На простор со големина на 100 фудбалски игралишта, во август месец се одржува интернационалниот фестивал на пивото познат како Кингдао. Тука се собираат околу четири милиони Кинези и нивни гости, најчесто облечени во баварска носија (популарната „lederhosen“), поради што овој фестивал слободно можеме да го наречеме кинеска реплика на Октоберфест, со тоа што Кинезите забавата ја подигнаа на повисоко ниво. Додека уживате во пивото, ве забавуваат голтачи на оган, а можете да искусите и некоја луда „вожња“, да разгледате изложба на луксузни автомобили и други слични нешта.


Кинески Октоберфест 2


Градот Киндао каде што се одржува фестивалот се наоѓа на саат и половина лет од Пекинг, а славен е по пиварниците што ги основале германските доселеници. Тука се произведува најпознатото кинеско пиво, Цингтао, што патем е второ најпопуларно пиво во светот.


Најпопуларното кинеско пиво - Цингтао


Фестивалот нуди 300 видови пиво, иако Цингтаото го сметаат за најдобро. Секако, тука можете да најдете и други странски пива, но и различни кинески што не можете да ги пробате на друго место освен во Кина.
 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура