X
 29.03.2022 Наука

По првата успешна комуникација преку имплант, парализиран пациент побарал пиво

Првпат целосно парализиран пациент со амиотрофична латерална склероза (АЛС) успешно комуницирал со помош на мозочен имплант. Неговите први барања биле легендарни. Процесот во кој пациентот комуницирал со помош на имплант бил опишан во истражување објавено во „Нејчр комјуникејшнс“.

Пациентот, кој има 36 години, бил во подоцнежна фаза на АЛС и затоа се сметал за целосно парализиран. Во комуникацијата преку мозочен имплант, германскиот пациент кажал дека сака гулаш и супа со грашок, дека го сака неговиот „кул“ син, дека сакал да пие пиво и дека сакал да слуша албум на бендот „Тул“, кој свири метал.

Во рамките на експериментите, обидите за комуникација по вметнувањето на имплантот биле неуспешни првите три месеци. Истражувачите постигнале резултат откако почнале да користат технологија во која се менуваат мозочните сигнали и се учи во реално време за време на експериментите.

Пациентот прво почнал да одговара на прашања со „да“ или „не“, а подоцна научил и да кажува реченици. Неговата прва реченица била барање од медицинскиот тим да му ја сменат позицијата на телото. Тој успешно формулирал реченици на 44 дена од вкупно 107.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука