X
 24.10.2016 Живот

Пиво во прав

Данската пивара „To ul“ (Две пива) го претстави својот нов производ – пиво во прав, кое како што тврдат, е секогаш спремно за конзумирање на било кое место, откако ќе додадете вода.

 


 

 

Основачите на пиварата Тобијас Емил Јенсен и Торе Гинтер, велат дека со процес на замрзнување и сушење, се врши одвојување на сувата материја од пивото на начин со кој не се менува вкусот.

 

За време на процесот, водата и алкохолот потполно испаруваат од пивото, а во правот остануваат шеќери, протеини, компоненти кои на вкусот му ја даваат горчината и ароматичните елементи.

 

Карактеристичниот вкус на пивото се враќа веднаш штом правот се залие со вода, но за да се постигне комплетниот ефект на традиционалниот пијалок, неопходно е да се додаде и алкохол, пишуваат во данскиот весник „Копенхаген пост“.


Компанијата наведува дека пивото во прав е направено за да може да се конзумира на местата каде што е тешко достапно, на пример на излети во природа или авионски летови. Сепак, идната верзија која ќе содржи и алкохол можно е да биде забранета во многу земји, кои не дозволуваат продажба на алкохол во прав.

 

Пиварата „To ul“ основана е во 2010 година и веќе е позната по производството на необични видови на пиво – со арома на кафе или различни видови на тропско овошје. Производите на пиварата се карактеристични и по интересната амбалажа, а денес се продаваат во повеќе од 40 земји.

 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот