X
 14.10.2021 Забава

Серијата „Куќа од хартија“ ќе има и сопствено пиво

Специјалното ново издание на новото пиво на пиварницата „Естрела Галиција“ ќе ѝ оддаде почит на мегапопуларната серија „Куќа од хартија“, па етикетата ќе биде во знакот на оваа серија.

Во следните неколку дена 85 милиони шишиња на „Естрела Галиција“ со фотографија од серијата ќе стигнат до меѓународниот пазар на брендот. Потрошувачите од 60 земји низ светот ќе можат да го добијат специјалното издание „ла каса де папел“.

пиво

- „Естрела Галиција“ го доживеа успехот на серијата на „Нетфликс“ како сопствен. Интеграцијата на брендот беше во голем обем и обожавателите на серијата целосно се идентификуваа со „Ла Ресистенсија“, мотото на нашиот бренд - велат од пиварницата.

Извор: Prnewswire.com
Фото: Estrella Galicia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава