X
 25.03.2016 Живот

Отворено писмо до родителите: Не воспитувате лидери!

Како некој кој не е расположен да слуша родителски совети од другите, се обидувам колку што можам да ги избегнувам. Сепак, неодамна откако бев сведок на вознемирувачки трендови на родителство кои тешко е да се игнорираат, тешко ми е да молчам.

За почеток, треба да откријам - верувам дека поголемиот дел од родителите се добри родители - и всушност, одлични родители. За поголемиот дел, ова не се однесува до вас. Јас верувам дека родителите генерално се добри, чесни луѓе кои длабоко во нивното срце го сакаат најдоброто за нивните деца. Можеби не се согласувате, но едноставно укажувам дека Дарт Вејдер е идеален пример.


Со тоа кажано, проблемот кој гледам дека се расплетува е поврзан со генерациската смена во родителските упатства. Тоа не значи дека мал број на родители имаат проблем, туку генерациското разбирање на улогата на родителите во образованието на детето е сведено на макро ниво.

Да ги земеме за пример моите родители. Одговорноста за образованието падна на нивните рамена. Кога немаше да напишиме некоја задача или кога ќе добиевме лоша оценка, резултатот беше строг укор проследен со губење на привилегија.

Ретко родителот го опоменуваше наставникот за лошата работа кога ученикот ќе добиеше лоша оценка. Ова не кажува дека нашите наставници немаат улога во лошата изведба. Но, важно е да се знае дека родителите и учениците се одговорни за пополнување на секоја празнина во образованието дома - и со тоа тие учат одговорност.

Денес се случува токму спротивното. Родителите им одат на наставниците и ги обвинуваат поради лошата оценка на нивните деца. Покрај тоа, било каков проблем кој ја уништува сликата на нивното дете е или одговорност на наставникот или е лага измислена од училиштето за да ги оцрни.

Тоа е лудо.

Јас не би издржал ниту еден ден во нашиот образовен систем како наставник. Не затоа што не ги сакам децата, туку затоа што уште од првиот ден морам да му служам на 9 годишно дете кое седи во автомобилот, зјапа во мене и ме чека да му ја отворам вратата, или затоа што е премногу разгален или затоа што не умее да оперира со денешните автоматски врати на автомобилот. Исто така знам дека кога прв пат ќе добијам писмо/меил/текст порака во 9 часот навечер од родител кој го доведува во прашање мојот морал, етика и методи на учење, бидејќи неговиот син/ќерка не ја напишал/а домашната задача - мислам дека нема да имам трпение да му одговорам на било кое ниво на достоинство.

Со сето ова кажано, би сакал да им понудам помош на сите родители кои имаат чувство дека треба да „го/ја искараат наставникот/наставничката“ на нивните деца за било што или за некој став во врска со неуспесите во училиштето. Подолу е писмо кое ве охрабрувам да го копирате и испратите до наставникот на вашето дете - денес.

Почитуван/а Г-ѓа/Г-ѓица, Г-дине,

Прво, би сакал/а да ви се заблагодарам за вашето време и посветеност во образованието на моето дете. Разбирам и ценам дека најверојатно сте добро прилагодени за друга професија, која веројатно компензира многу подобро за нивото на образование и искуство кое ги имате и секако, подобри часови за работа, но наместо таа професија, вие сте избрале да предавате поради вашата љубов кон децата и вашата посветеност на младите и иднината на нашата нација.

Ви пишувам бидејќи сум загрижен/а за образованието на моето дете. Се обидувам да го/ја научам и да го поттикнам да научи животни вештини, и чувствувам дека искуствата на училиште не ни помагаат во воспоставувањето на модел на одговорност.

За почеток, би ве замолил/а да не го галите моето дете. Ве молам не му давајте посебно внимание и не го потсетувајте постојано да запомни за неговата домашна задача или да ги запомни важните датуми. Имаме се` што ни е потребно на Фејсбук страната која постојано ја ажурирате.

Ја преземам одговорноста да прегледувам од дома. Ако моето дете ја заборави домашната задача или датумот, со дискретност, дајте му можност да надомести, но не му дозволувајте едноставно да се извлече од тоа. Децата учат од последиците, а отсуството на последиците носи само апатија.

Второ, ве молам немојте да му давате никакви награди за учество. Знам дека од вас бара училиштето, но навистина би ценел/а ако знам како е во споредба со другите соученици. Не е ваша одговорност да го научите како да се справи со неуспех - тоа е одговорност на родителите.

Ве молам да му обезбедите животна средина во која тој/таа ќе сфати дека животот е натпревар и дека совршено во ред да се биде конкурентен. Кога тој/таа ќе се сопне, јас ќе бидам таму да го кренам, и да направам неуспехот да биде процес на учење како и да се потрудам да развијам карактер потребен да застане на нозе и да оди нанапред.

Трето, немам проблем и ве охрабрувам да оценувате со црвено пенкало - црвените белешки на домашните задачи и тестовите овозможуваат визуелна претстава за лошо изработена задача, и јас верувам дека со тоа ќе научи дека лошата изработена задача има последици. Детето мора ова да го сфати како што расте и созрева.

Четврто, во ред е да му дозволите на детето да игра фудбал и други спортови за време на одморите, иако сфаќам дека голем дел од овие активности се забранети поради тоа што другите родители изразија загриженост дека нивните деца се повредуваат. Не ми пречи моето дете да се извалка, да го удри коленото и слично.

Ако ова е резултат на неговото невнимание, тогаш јас ќе го опоменам и дисциплинирам како што е потребно. Повеќе би сакал/а да трча, да се сопни и да падне - и да научи и созрее под будното око на способните наставници, отколку кога е сам и кога никој нема во близина.

За крај, знам дека имате 30 деца во вашето одделение и голем број предизвици секојдневно. Знаеме дека предавате нон стоп, од 7 чсот наутро па натаму. Исто така сфаќам дека после работа поминувате уште неколку часа оценувајќи тестови и одговарајќи на меиловите на родителите. И секако, после сето ова, одите дома и поминувате време со семејсвото.

За ова, уште еднаш ви благодарам. И ценам што ни овозможувате нам, родителите да имаме активна улога во развојот на децата со преземање на одговорност дома. Вашата одговорност е да го обезбедите детето со алатки неопходни за учење и природна средина во која најдобро се применуваат на училиште - задачата на родителите е да се осигураат дека овие алатки и вештини се применуваат најдобро што можат.

Топол поздрав,
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот