„Гугл“ пред седум години се повлече од Кина, откако беше воведена цензура со која им се забрануваа повеќето услуги.
The Mashable јавува дека наскоро апликацијата за преведување на „Гугл“,
Translate app, би можела да се најде на пазарот во најмногубројната земја во светот.
Инаку, во Кина веќе постои класичен интернетски преведувач, но 695 милиони корисници на мобилни телефони досега немаа можност за користење на мобилна апликација за преведување. Оваа вест е веќе објавена на
Google Blog Post и пригодно е напишана на англиски и на кинески јазик.
„Се надеваме дека ќе им го поедноставиме преведувањето на граѓаните на Кина и на тој начин ќе ги срушиме сите јазични бариери во насока на спојување на луѓето“, пишува на страната. Моментално, апликацијата е достапна на кинескиот
App Store за
iOS затоа што
Google Play сè уште не е присутен на кинескиот пазар.
Пред две недели беше објавена веста дека кинеските власти ќе го дозволат користењето на
Google Scholar, систем за пребарување на академска литература, но сепак се чини дека
Translate беа побрзи.