X
 28.07.2019 Технологија

Не е лоша само политиката за приватност на „Фејс Ап“ - и другите апликации користат слична политика

Сите знаеме за политиката за приватност на „Фејс Ап“. Години по нејзиниот почеток, „Фејс Ап“ повторно стана позната овој месец, уште пред корисниците да откријат дека апликацијата има сомнителна политика за приватност - има пристап до вашите фотографии, ја следи вашата локација и слични непријатни практики.

Но, важно е да знаете дека и другите популарни бесплатни апликации до одреден степен се инвазивни. Всушност, многу бесплатни апликации што ги имате на вашиот телефон имаат политики за приватност многу полоши од таа на „Фејс Ап“.

Услугата за анализа на апликациите наречена „Ап Ени“, ги прикажува најпознатите бесплатни апликации, за ајфон и „Андроид“.

aplikacija
Фото: Getty Images

„Фејс Ап“ и понатаму се наоѓа меѓу првите 10 бесплатни преземања за ајфон и на „Гугл Плеј“, но сега ги анализираме и другите апликации. Така на пример, „Џели Шифт“, четвртата најпреземана апликација во САД, има политика што вели дека ја сака листата на вашите пријатели на социјалните медиуми.

- Ако влезете во апликацијата користејќи веб-страница или платформа како „Фејсбук“, „Епл Гејм“ и „Гугл сајн ин“, имаме пристап до информациите за вас на таа веб-страница или платформа, како што е вашето име, информации на профилот и листа на пријатели - пишува во политиката за приватност на оваа апликација.

Слична политика има и „Мистер Булет“. Политиката за приватност на оваа апликација вели дека може да собере одредени информации за вас: вашето име, мејл адреса и вашата насловна фотографија (ако сте се поврзале со „Фејсбук“ или „Гугл+“) и вашата општа локација, базирана на вашиот интернет протокол (IP адреса). Освен тоа, политиката за приватност наведува дека услугата може да дозволи рекламните мрежи на нивните партнери и партнерски мрежи да соберат информации за вашиот мобилен уред и информациите да ги користат за реклами насочени за вас.

Во суштина, сите бесплатни апликации собираат огромно количество на лични податоци на корисниците. Некои дефинитивно имаат подобра политика за приватност од другите. Затоа, размислете двапати пред да се одлучите да ја преземете наредната бесплатна апликација.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија