Најновата хорор приказна на Стивен Кинг има само две реченици е објавена на неговиот Твитер
профил.
Приказната гласи вака : „Некогаш одамна постоеше човек по име Доналд Трамп и се кандидираше за претседател. Некои луѓе сакаа тој да победи.“
Кинг изјавил за „
Вашингтон Пост“ дека е вчудоневиден од можноста Трамп да дојде на чело на државата : „Можноста Доналд Трамп да стане претседател ме плаши повеќе од било што друго“, рекол Кинг.
Стивен Кинг е еден од 450-те писатели кои потпишаа отворено писмо во кое изразуваат загриженост заради кампањата на Трамп.