X
 27.10.2016 Живот

Човекот кој владее со Полска, а не е премиер

Јарослав Качински, претседателот на партијата „Право и правда“ нема многу помош од претседателот ниту од премиерката, но неговата моќ е неоспорна.

јарослав качински


Пред 10 години едниот од браќата Качински, Лех Качински е избран за претседател на државата, а Јарослав – за премиер. По четири години, претседателот погинува во авионска несреќа со 95 соработници, а пет години подоцна Јарослав успева да добие власт и моќ во Полска без никаква државна должност. Како претседател на партијата „Право и правда“ ја поддржува Беата Шидло во трката за премиер која, иако непозната за јавноста, е негов „партиски војник“.

Во јули годинава тој е повторно избран за претседател на партијата со само 1% гласови против него.

За Јарослав Качински е познато дека е лош говорник кој не се снаоѓа со улизување, дека своите соговорници ги држи на дистанца и дека води повлечен живот во самотија. За смртта на неговиот брат во несреќата, голем дел од полското население изразувало жалење и со плачење, но не и Јарослав. Кога Путин сакал да му изрази сочуство, тој одбил да разговара со него. Неговите поддржувачи подоцна потенцирале дека во такви моменти за државата, од голема помош е да се има „цврсто водство“.

И премиерката Беата Шидло и претседателот Анджеј Дуда се негови „фигури“ и во однос на тоа, во Полска на големо се зборува колку и дали Дуда самостојно носи одлуки и до кога Шидло ќе успее да остане на позицијата. Според полските медиуми, „вревата во владата“ што се случува, не соодветствува на вкусот на Јарослав Качински.

Оваа година се продлабочува и јазот меѓу граѓаните при што, сите кои се спротивставуваат на неговата политика се „комунисти и крадци“, а „старата постава на посткомунистите и либералите“ е виновна за сé. Европската комисија има покренето постапка за проверка на состојбата на правната држава во Полска и поради борбата на Качински и партијата против опозицијата и Уставниот Суд.

Од друга страна, Качински се докажува и како невешт во одржувањето на меѓународните односи и дури јавно ја изразува својата недоверба во Европската Унија. Иако членството на државата и понатаму го поддржува, се залага повеќе за соработниците во Унгарија, Чешка и Словачка. Полска е убедена дека само САД може да ѝ гарантира независност „од истокот“, но Варшава не слуша поуки за демократија ниту од Вашингтон.

Полска се стреми да престане да биде „продолжена рака“ на економијата на Западот и за таа цел има огромни инвестициски програми, а Качински се залага во државата да ја врати „националната гордост“. Тоа е и пораката на неговата партија: „Повторно сме некој и нешто“.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот