Длабоко во шумите на Западна Померанија во Полска има цела област каде што стеблата на дрвјата се завиени во основата, формирајќи чуден и фасцинантен феномен познат како „кривулеста шума“.
Зошто дрвјата се завиваат вака? Никој не знае сигурно. Некои велат дека суровите временски услови ги прават вакви, но други сметаат дека е вмешан човечки фактор.
Фотографот Килијан Шонбергер сподели некои од неговите фотографии од шумата и околината. Според него, дрвјата биле насадени околу 1930 година. Тогаш, како и за време на Втората светска војна, областа била под контрола на Германците. До ден-денес се вели дека некаков вид метода или техника измислена од човекот била употребена за да се предизвика чудната форма на дрвјата, иако не е јасно за која цел би се правело тоа.
- Сè уште нема конечно објаснување - вели Шонбергер.
Фото: Science Alert
Едната теорија, според него, е дека дрвјата можеби биле засадени специфично за растење извиена шума која би била од помош при изградбата на бродови или други работи. Други, пак, шпекулирале дека војната имала значително влијание врз пејзажот.
- Некои луѓе зборуваат за голем белег од војната бидејќи во оваа област имало борби меѓу Црвената Армија и Вермахтот. Има и помрачни теории за волшепства и енергетски полиња, но можеби никогаш нема да има конечен одговор - вели фотографот.
Фото: Science Alert
Дрвјата се особено интересни за фотографите, кои најмногу сакаат да ги фотографираат кога има
магла.