X
 27.10.2016 Економија

Кои се условите за легален престој и работа во Германија?

Оваа година на почетокот на септември Германија издала 15.500 визи за работници кои доаѓаат од Балканот.

градежен работник


Во екот на бегалската криза во 2015 година доселеници од земјите на Западен Балкан – Албанија, Македонија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, масовно пристигнувале во Германија да бараат азил. Минатата година се поднесени 144.000 барања за азил, иако шанси за позитивен одговор од надлежните речиси и нема.

Кои се условите за легален престој и работа во Германија?

За да нема притисоци врз системот и барем на некои од дојдените да им се овозможи легален влез и престој, во рамките на постоечките закони, се забрзува решение за барањата за азил од гастербајтерите на Западен Балкан. Овие земји се во предност затоа што се прогласени за безбедни земји на потекло. Од почетокот на спроведувањето на програмата доделени се 15.500 визи. Кога мигрантите од Балканот ќе добијат конкретна понуда за работа или обука, Агенцијата за вработување ги оддобрува барањата на работодавачот за одредена личност, а таа личност може во својата земја да добие виза за влез во Германија. Предуслов е да немала азил во последните 2 години или го повлекла своето барање и доброволно ја напуштила Германија пред влегувањето на одредбите во сила, во октомври 2015 година.

Агенцијата за вработување испитува и дали истата работа ја сака граѓанин од Европската Унија, кој во таков случај би имал предност. Исто така се проверува дали условите за работа се понеповолни од оние работни места за кои се ангажираат локалните кандидати. Ова особено им се допаѓа на Балканците затоа што им гарантира и добри услови за работа.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија