X
 28.10.2016 Технологија

Голем пад на технолошкиот гигант Samsung

Нето добивката на јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung Electronics“ во третото тромесечје се намалило за 16,8 проценти, по скандалот со повлекувањето на смартфонот „Galaxy Note 7“ од пазарот, стои во извештајот на компанијата. Оперативниот профит на компанијата паднал за 30 проценти, па бечежи најмала стапка на остварен профит во последните две години.


Најголемиот светски произведувач на паметни телефони престана со производство на Note 7 по дојавата за прегревање и запалување на телефонот. Повлекувањето од пазарот и прекинот на производство на телефонот е голем удар за компанијата, што се однесува до квалитетот и довербата кај купувачите.

Од Samsung соопштуваат дека бизнисот со мобилни телефони ќе се насочи кон ширење на продажбата на нови модели, како и враќањето на довербата кај потрошувачите. Од компанијата велат дека им останува уште една шанса, па наместо да брзаат со најави за нови производи, тие ќе се концентрираат на темелна инспекција и ќе ги објаснат резултатите за сето она што ќе се открие дека било погрешно во моделот Note 7.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија