Претприемачот и милијардер Илон Маск е лицето на компанијата за електрични автомобили „Тесла“, но тој не бил во компанијата од нејзините почетоци. Мартин Еберхард и Марк Тарпенинг ја основале компанијата во јули 2003 г. Компанијата го претставила првиот автомобил во 2006 година.
Илон Маск инвестирал 6,35 милиони долари во компанијата во 2004 г. и станал претседател на управниот одбор. Тој станал извршен директор на компанијата во октомври 2008 г.
Кои се основачите на „Тесла“?
Пред да ја основаат автомобилската
компанија, Еберхард и Тарпенинг соработувале во создавањето на еден од првите уреди за електронско читање „Рокет“. Во интервју за Ес-ен-би-си, кое било снимено во 2019 г., но беше објавено месецов, Еберхард открива дека инвестирал во неуспешна стартап-компанија за електрични возила „АЦ Пропулшн“ и го предложил користењето на литиум-јонски батерии.
Еберхард и Тарпенинг ја напуштиле „Тесла“ во 2008 г., по неколку месеци откако Еберхард бил отстранет од позицијата извршен директор на компанијата.
Автор: Стивен Еделстајн
Извор:
greencarreports.com
Фото: Принтскрин/Youtube