X
 28.10.2016 Живот

Како се поместуваат стрелките на Биг Бен?

Во недела доаѓа до промена на времето. Повеќето од дигиталните часовници таа промена ја вршат самите, сепак некои часовници треба рачно да се наместат.



Таков пример е познатиот лондонски часовник Биг Бен, за чие поместување на стрелките на часовникот потребни се дури пет часа. Овој часовник е стар 154 години, а за негово правилно функционирање се грижат пет луѓе. Тие ќе бидат задолжени за поместување на стрелките и на сите 2.000 часовници кои се наоѓаат во британскиот парламент, а таа работа ќе ја извршуваат цела ноќ. Поместувањето на стрелките на Биг Бен е тешка задача и ќе започне во 21 часот во сабота, за да заврши во 2 часот по полноќ, кога сите часовници во парламентот вклучувајќи го и Биг Бен, мора да заѕвонат за да го означат преминот од летно во зимско сметање на времето.

Тимот ниту еднаш не задоцнил во извршувањето на задачата, но сепак притисокот е голем. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот