X
 31.10.2016 Живот

Нова смртоносна дрога се шири меѓу младите преку Интернет

Оваа лабораториска дрога е многу посилна од хероинот. Замислена е како синтетичка алтернатива на морфиумот. Наводно, веќе 50 луѓе се мртви заради предозирање со дрогата „Пинк“.


Синтетичката дрога „Пинк“ можно е да се купи на интернет и тоа на кинеските веб сајтови, а на илегалниот пазар е позната уште како „Пинки“. Во научните кругови, оваа супстанца е позната по името U-47700. Неколку американски држави итно реагирале и ја забраниле конзумацијата на супстанцата, која се уште е прилично непозната и неистражена. Се работи за опиоид, како хероинот, чија употреба расте секоја година.

Многу држави се уште ја немаат забрането. „Пинк“ ја има во различни облици – може да се зема орално, ректално или да се шмрка. Дрогата ја креирала компанијата „Упхојн“ уште во 70-те години. На пример, Велика Британија ги забранила сите нови психоактивни дроги, но Британците ги купуваат преку Интернет. Еден грам чини 15 фунти. Освен во Америка, никаде не е пријавен ниеден случај со предозирање со оваа дрога.

Во државата Јута, двајца 13-годишници починале од земање „Пинк“, но нивната смрт се уште не е разјаснета и нема официјална потврда дека се работи за таа дрога, но постои основа за сомневање. Уште две момчиња од Америка, се пронајдени мртви, а разликата од смртта на едниот до смртта на другиот се само неколку дена. Подоцна е откриено дека и двајцата ја нарачале оваа дрога преку Интернет.

Дрогата пак, наречена „крокодил“ е уште една голема опасност. Се работи за дезоморфин, синтетичка дрога многу пати појака од хероинот, а се во не се содржат повеќе состојки кои меѓусебно креираат хемиска реакција. Зависните ја земаат повеќе пати дневно. Дезоморфинот може да се направи од кодеински таблети против главоболки и со други  хемикалии кои ги поседува секое домаќинство. Ја нарекуваат уште и „дрога за сиромашни“, а нејзините нуспојави се застрашувачки. Се нарекува уште „крокодил“ бидејќи содржи отровни состојки заради кои кожата на оној што ја користи набрзо е прекриена со лушпи и рани. Но, тоа дури и не е најголемата последица – телата буквално се распаѓаат на сите оние кои ја користат и многу тешко можат да се движат, асето тоа резултира со смрт.

Што се однесува до хероинот пак, Русија е земјата во која има најмногу зависници од хероин – околу 2 милиони. За прв пат во Русија зависниците започнале со подготвување на дрогата „крокодил“ пред четири години, а од тогаш употребата е драстично зголемена. Најмногу се создава во градот Твер, кој од Москва е оддалечен само неколку часа возење и има пола милион жители. Зависниците од тој град многу лесно можат да дојдат до состојките за подготовка на дрогата и речиси сите зависници од тој град кои користеле хероин сега земаат „крокодил“ дрога. Лекарите од градскиот центар за третман на зависниците велат дека по земањето на оваа дрога, кај зависниците се јавуваат неподносливи болки. Зависниците пак, велат дека многумина ја земаат оваа дрога бидејќи е поевтина.


Едно од решенијата за намалување на бројката на зависници од дрогата е воведувањето на забрана за неограничено купување на кодеински таблети или купување само на рецепт. Иако одговорните лица знаат за овој проблем повеќе од една година, никој се уште не презема ништо.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот