X
 01.11.2016 Образование

Најдобрите универзитети во Германија

„US News“ и „World Report“ објавија издание за 2016/2017 година за најдобрите универзитети на глобално ниво минатата недела вклучувајќи ја и листата со најврвните универзитети во Германија. 


Минхен 



1. Универзитетот во Минхен (Лудвиг Максимилијан Универзитет)

Овој универзитет во баварскиот град Минхен, датира од 1472 а нуди програми на германски и некои на англиски јазик. Меѓународната студентска популација на овој универзитет е околу 5.000 од вкупниот број од над 36.000 студенти.

Универзитетот исто така, има голем број на значајни поранешни професори и студенти, вклучувајќи го и Вернер Хајзенберг, драматургот Бертолт Брехт и папата Бенедикт Шеснаесетти.

US News го рангираше на 57 место на глобално ниво, а 11-то место на европско ниво. Поставен е во рамките на првите 50 институции во светот за уметност и општествени науки, биологија, имунологијата, физика, неврологија, наука за растителни и животински видови, психијатрија/психологија и наука за вселената.


 Хајделберг


2. Универзитетот во Хајделберг


Основан во 1386, Универзитетот во Хајделберг е најстариот од академските институции во Германија и еден од најстарите универзитети во светот. Тој има доста големо меѓународно студентско тело, што изнесува околу 17 проценти од вкупниот број од над 29.000 студенти.

Пет германски канцелари студирале на Хајделберг, вклучувајќи ги и Хелмут Кол, кој го надгледуваше повторното обединување на Германија, како и една од највлијателните мислители, Хана Арент.

Универзитетот во Хајделберг е рангиран на 68-то место во светот и на 16-то во Европа. Според  „US News“, главните науки се: медицина, неврологија, биологија, физика, фармакологија и наука за вселената.


Техничкиот универзитет во Минхен


3. Техничкиот универзитет во Минхен


Исто така познат како „TUM“ овој универзитет нуди програми на англиски и двојазични програми и на тој начин има големо меѓународно тело од околу 8.000 студенти, што значи дека една петтина од вкупните 37.000 студенти, доаѓаат надвор од Германија.

Универзитетот е рангиран на 86-то место во светот и на 24-то во Европа, а познат е по своите програми за земјоделство и компјутерски науки, што го става во рамките на првите 40 во светот.


 Хумболт


4. Хумболт Универзитетот во Берлин


Универзитетот на влијателните мислители како Карл Маркс и Фридрих Енгелс е поставен на 93-то место во светот. Тој беше на место број 30 во Европа, бројка што можеби сосема не го одразува влијанието што го има во европскиот модел на универзитет. Светската ранг-листа на Тајмс за високото образование го нарече Хумболт за еден од најпрестижните универзитети не само во Германија, туку и во Европа."

„Тој има светски углед во полињата: уметност и хуманистички науки. Нејзините предмети на неврологија и имунологија се во првите 50 во светот“- пишува во извештајот на „Тајмс“.


Бон


5. Универзитетот во Бон


Овој универзитет во Рајнската област во поранешниот главен град на Западна Германија и родното место на Лудвиг ван Бетовен е рангиран на 110-то во светот и 39-то во Европа. Филозофите Карл Маркс и Фридрих Ниче посетувале курсеви таму.

„US News“ истакнува дека Институтот нуди програми на англиски и двојазични програми, како и секојдневни часови по германски јазик за странските студенти.

Главните области на Универзитетот во Бон на глобално ниво се: математика, имунологија и неврологија.


Берлин


6. Слободниот Универзитет во Берлин (Freie Universität)

Најмладиот универзитет меѓу првите 10-те во Германија, „Freie Universität (FU)“ беше основан во 1948 година, на почетокот на Студената војна во Западен Берлин, што се должи на фактот дека Хумболт се наоѓал во советски окупираниот Источен Берлин.

„US News“ го става на 113-то место во светот, а на 41 во Европа.


Хамбург


7. Универзитетот во Хамбург

Универзитетот во Хамбург во северниот дел на пристаништето во градот-држава е основан нешто помалку од пред 100 години, но успеа да вклучи во своите наставни програми пет добитници, научници на Нобелова награда. Исто така универзитетот има најголем научно-истражувачки институт во северниот дел на Германија. Нејзините понови студенти освоија Нобеловата награда во 2008 година, а тоа беше Харалд Цур Хаузен, кој открил дека ХПВ може да предизвика рак на матката.

Универзитетот е рангиран на 121-то место во светот, а одделите за неврологија и имунологија се ставени во првите 50 во светот.


Фрајбург




8. Универзитетот во Фрајбург


Овој универзитет датира од 1457 година, а е основан од страна на австриската Хабсбуршка династија, па поради тоа има долга традиција во академскиот свет.

Во својата листа на успешни луѓе кои студирале на него се вбројуваат: социологот Макс Вебер, филмскиот режисер Вим Вендерс и германскиот прв повоен канцелар Конрад Аденауер. Фрајбург е рангиран на 144-то место во светот.


Гетинген


9. Универзитетот во Гетинген


Овој Универзитет во Долна Саксонија, беше основан во 1734 од страна на британскиот крал Џорџ Втори, во областа Хановер, а неформално се нарекува „ Georgia Augusta“.

Повеќе од 40 добитници на Нобелова награда студирале на Универзитетот, предавале или спроведувале истражување, а угледот помогнал да му се даде на градот надимакот „градот на науката". Универзитетот одржува блиски врски со „ Здруженито Макс Планк за унапредување на науката“ и „Готфрид Вилхелм Лајбниц научната заедница“. Исто така Универзитетот има една од најголемите библиотеки во Германија.

Гетинген е рангиран на 155-то место во светот.


Тибинген


10. Еберхард Kaрлс универзитетот (Универзитетот во Тибинген)


Лоциран во југозападната држава Баден-Виртемберг, во еден од најпознатите исконски универзитетски градови во Германија, Еберхард Карлс Универзитетот е особено познат по своите дисциплини на теологија и религија.

Но, едни од неговите најпознати студенти се: астрономот Јоханес Кеплер, невропатологистот Алоис Алцхајмер, според кого е именувана хроничната невродегенеративна болест, како и филозофот Георг Вилхелм Фридрих Хегел.

Рангиран е на 158- то место во светот.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование