Источниот брег на САД и понатаму се соочува со катастрофалните последици од ураганот „Флоренс“. Американската метеослужба пред два дена издаде и предупредување за можна појава на торнадо во Вирџинија. Еден патник кој летал со авион над американската држава Вирџинија успеал да направи снимка на која авионот слетува во близина на торнадо.
Снимката настанала во патнички авион при слетувањето на аеродром, а на неа се гледа како се формира торнадо.