Потребно е посебен вид на трпение за да се освојат предизвиците кои ги носи професијата наставник. Секој од наставниците се соочува со различни темпераменти, бесови, силеџиство, крајно одбивање да се признае реалноста - и секако, справувањето со учениците.
Но, интересно е тоа што самите наставници откриваат дека не постојат поголеми деца од родителите на нивните ученици. Тие ги споделуваат најбизарните и најшокантните работи кои родителите некогаш им ги рекле, а за голем дел од нив нема ни да поверувате дека излегло од устата на возрасен човек.
1. „Една ученичка не учеше и не напиша поголем дел од прашањата на тестот. Нејзината мајка дојде да се расправа со мене поради единицата на ќерка ѝ и ми рече дека треба да ѝ ги оценам само прашањата кои ги одговорила, со што би добила 5 затоа што сите тие ѝ биле точни“.
2. „Еден родител ме замоли да не се облекувам толку убаво и дали би можел да се сменам од класот и на мое место да дојде постар наставник затоа што неговата ќерка не престанувала да зборува за тоа колку сум згоден“.
3. „На родителски ми пријде една мајка и ми рече: „Не се грижете за ќерка ми, таа е глупава. Треба само да готви и чисти. Што ќе кажете за мојот син?“
4. „Имав ученик кој беше одличен во се' и постојано добиваше петки. Ја известив неговата мајка, велејќи ѝ дека на нејзиниот син му е досадно бидејќи знае се', на што таа луто ми одговори: „Кога ќе одам дома, ќе разговарам јас со него!“.
5. „Еден ученик го фалсификувал потписот на неговиот татко на тестот за кој побарав потпис од родител. Кога дојде неговиот татко, ме убедуваше дека тоа е всушност неговиот потпис. Две недели подоцна, истиот татко дојде на училиште и започна да ми вика зошто тој не бил известен за големиот проект кој требаше да биде завршен до крајот на неделата. „Но, вие бевте информирани, еве го ливчето кое го испратив дома до сите родители, и ова е вашиот потпис, нели?“, му реков јас. „Да, точно мојот е“, одговори таткото“.
6. „Една ученичка јавно ми се закани дека ќе ме убие бидејќи ѝ го исклучив телефонот од полначот. Кога ја кажав на нејзината мајка таа ми одговори: „Да, нејзиното однесување и агресија варираат со фазите на месечината“.
7. „Не сум наставник но сум тренер на спортски тим составен од мали деца. Еднаш еден од татковците на децата ми пријде и ми понуди поткуп за едно дете да не игра на натпреварот. Не можев да си поверувам дека таткото падна толку ниско што беше и повеќе од спремен да плати за детето да седи на клупа“.
8. „Не е твоја работа да му ги предаваш лекциите на мојот син“.
9. „Во мојот клас имав врвен спортист кој имаше негативна оценка по англиски јазик. Освен што оценките му беа ужасни, го фатив дека препишал домашна задача, за која тој жестоко негираше. Неговата мајка договори состанок со мене и со директорот, обвинувајќи ме дека ги дискриминирам учениците спортисти. Кога ѝ кажав дека нејзиниот син препишува домашни задачи, таа жестоко негираше велејќи дека нејзиниот син никогаш не препишува. И' ја дадов тетратката, а таа започна да го чита домашното: „Јас како 16 годишно девојче...“ и започна да му вика: „Што ти е? Како ќе се запишиш на факултет ако не знаеш да препишуваш?“
10. „Еден татко ми рече дека не му дозволува на неговиот син да чита поезија бидејќи на тој начин ќе стане хомосексуалец“.
11. „Кога на еден родител му кажав дека однесувањето на неговото дете е ужасно тој ми рече: „Од 7 до 1 тој е твој проблем, не мој“.
12. „Да, моето дете не се однесува како што треба, фрла столици, ги удира другите деца итн, но вие му го зедовте авиончето од хартија и му фрливте во ѓубре, такашто вие го предизвикавте ова однесување. Мислам дека најдобро би било да му направите ново авионче од хартија и да му се извините. Тогаш мислам дека ќе се однесува добро“.
13. „Минатата година еден родител ми рече дека „очигледната причина“ поради која работам со деца со посебни потреби е затоа што не можам да добијам работа во настава со нормални деца“.