X
 07.11.2016 Култура

Македонските денари низ годините: Се сеќавате на овие банкноти?

Република Македонија монетарно се осамостои во 1992 година. Никола Кљусев, првиот премиер на Република Македонија ги презентираше првите македонски пари - денари.



Името на македонската парична единица го предложи Македонската академија на науките и уметностите, а потекнува од стариот римски денариj.

Денес во Република Македонија во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10 и 50 денари како и хартиени банкноти со деноминации од 5000, 1000, 500, 100 (50 и 10 привремено) денари. Во 2013 година, НБРМ објави оглас за избор на дизајн за новите банкноти од 200 и 2000 денари кои ќе бидат во оптек од 15 декември оваа година.

Во продолжение погледнете ги македонските денари низ годините - според вас, која банкнота е најубава?

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура