Малите нешта што секојдневно ги правиме можат на повеќе начини да влијаат врз нашите паметни телефони и да имаат сериозни последици. Еве неколку едноставни правила до кои би требало да се придржувате за да го избегнете тоа.
Не правете се мајстор
Ако не знаете што правите, а повеќето од нас немаат поим или не знаат доволно, немојте со помош на видеа од „Јутјуб“ да му правите нешто на својот телефон. Многу се поголеми шансите нешто неповратно да оштетите отколку да добиете нешто забавно или корисно.
Не оставајте го смартфонот изложен на извор на топлина
Ако го оставите паметниот телефон изложен на сончеви зраци или на друг извор на топлина, драматично ги зголемувате шансите тој да се прегрее. Со тоа ја загрозувате не само батеријата, туку и процесорот и другите чувствителни електронски компоненти.
Внимавајте при приклучувањето на полначот
Сигурно и вам некогаш ви се случува полначот да го приклучувате на слепо во телефонот. Ако не сте внимателни, лесно може да се случи да ги оштетите електричните контакти и да го скратите животниот век на мобилниот телефон.
Редовно надградувајте го софтверот
Ако хардверот е телото на вашиот паметен телефон, софтверот е неговиот мозок и душа. Ако преземете софтвер од непроверени или недоверливи извори, немојте да се изненадите кога ќе дојде до несакани последици. Вашиот мобилен телефон може целосно да престане да работи, а вашите лични податоци да стасаат во рацете на некој хакер.
Редовно чистете го телефонот и однатре
Прашината и другата нечистотија од вашите чанти и џебови порано или подоцна ќе се најдат во вашиот телефон и ќе почнат да му пречат во работата. Ако не знаете како да го исчистите телефонот однатре, побарајте совет од лице што е стручно за тоа.
Не држете го телефонот в раце додека одите по улица
Кај нас тоа сè уште не е толку честа појава, но податоците покажуваат дека 40 отсто од „ајфоните“ украдени во САД на сопствениците им се земени на улица, додека разговарале користејќи го звучникот. Затоа бидете многу внимателни, а не би било лошо и да инвестирате во слушалки.
Не носете го телефонот во торба без да го заштитите
Заштитната футрола не е само моден додаток, туку служи и за заштита на телефонот од прашина и нечистотија која се собира на дното од торбата, како и од гребење.
Не заменувајте ја оригиналната батерија со поевтина лажна замена
Внимателно проверете кој тип на батерија да му ја ставите на телефонот. Ако не е оригинал, можно е животниот век на вашата батерија да биде значително пократок.
Не користете лажни полначи и слушалки
Познато е дека евтините копии на оригиналните полначи можат да предизвикаат пожар. Но, дали знаевте дека тоа важи и за слушалките? Тоа веќе ѝ се има случено на
една жена.
Фото: Tportal
Не носете го телефонот во задниот џеб
Паметните телефони се сè потенки и полесни, но затоа се и помалку отпорни на притисок. Немојте да ризикувате оштетување или кражба и избегнувајте да го носите телефонот во задните џебови. Можеби е практично и изгледа кул, но може да
зажалите.