X
 13.01.2017 Живот

Како да се заштитите на минус 20 Целзиусови степени?

Никако не му давајте алхолол на повредениот, бидејќи ќе му се прошират крвните садови, дополнително ќе изгуби топлина и ќе се олади телото. Не ставајте грејно тело блиску до пациентот, бидејќи ќе предизвика забрзан проток на крв и ќе ја промени нејзината насока од срцето и мозокот кон кожата


Ниските температури сфатете ги сериозно, бидејќи не само што можат да го загрозат вашето здравје, туку можат да бидат и фатални за вашиот живот, предупредуваат лекарите. Деновиве скопјанец заврши во болница откако му премрзнале прстите на раката бидејќи чистел снег без ракавици, а лекарите се бореа за да не мораат да му ги ампутираат. Тие предупредуваат дека ако два часа сте изложени на температура од минус 20 Целзиусови степени, тоа може да биде фатално. Институтот за јавно здравје на Република Македонија на својата веб страница објавува низа превентивни мерки како да се заштитиме од студот, како да реагираме ако сме во опасност и како да даеме неопходна прва помош. Еве неколку од нив:

Смрзнатини
Кога е кожата навистина смрзната и во опасност? Прво може да почувствувате трпнење, бледило и вкочанетост. Кожата се стврднува и ја менува бојата на смрзнатата површина, прво е бела, а потоа станува сива, па модра. По опоравувањето, кожата може да биде црвена, жешка и да се појават меури. Ако почне да изумира ткивото (појава на гангрена) тоа ќе поцрне бидејќе нема доволно доток на крв. Смрзнатините најчесто се јавуваат на рацете и нозете. Во тешки случаи смрзнатините може да предизвикаат трајна загуба на меките ткива.

studeno vreme
Фото: Pixabay

Како да постапите
Полека згрејте го смрзнатиот дел од телото, за да спречеите ткивото да се оштеува дополнително и погрижете се пациентот да го однесете до најблиската болница. Смрзнатиот дел не смее да биде блиску до извор на директна топлина. Не се обидуваје да го стоплите измрзнатиот дел доколку сте во ситуација повторно да измрзне. На повредениот не му давајте да пуши цигари, ниту да пие алкохол.

Прва помош
Однесете го повредениот на топло место пред да почнете да го одмрзнувате. Сместете го во затворен простор, удобно и внимателно отстранете се што може да го стега: чизми, прстени, рачен часовник, белегзии. Затоплете ги рацете и нозете со топла вода, на температура од 40 Целзиусови степени. Потоа внимателно избришете ги и лесно змотајте ги со завој. Зафатените екстремитети подигнете ги, за да се намалат отоците. Возрасните може да земат парацетамол или средство против болки, а децата сируп парацетамол, соодветна доза за возраста. Потоа веднаш однесете го повредениот во болница.

Хипотермија
При долготрајна изложеност на студено време, може да се појави и хипотермија, состојба кога температурата на телото паѓа под 35 Целзиусови степени. Очекувајте дека побрзо ќе се случи ако сте изложени на ветер, а може да се појави и во домови кои се слабо затоплени. Посебно се чувствутелни старите лица, деца, бездомните и слабите луѓе. Слабата актиовност, хроничните болести и исцрпеноста ја зголемуваат можноста за хипотермија, а користењето на алкохол и лекови можат само да ја влошат состојбата.

Симптомите и помош
Пациенот има треска и бледа, студена кожа. Има апатија, дезориентиран е, се однесува несоодветно, има чувство на летаргија, дише плитко и забавено, има забавен и ослабен пулс. Прво мора да се погрижите човекот веќе да не губи топлина. Обидете се полека да го згреете, а ако сметате дека е потребно, веднаш повикајте Брза помош. Никако не му давајте алхолол на повредениот, бидејќи ќе му се прошират крвните садови, дополнително ќе изгуби топлина и ќе се олади телото. Не ставајте грејно тело блиску до пациентот, бидејќи ќе предизвика забрзан проток на крв и ќе ја промени нејзината насока од срцето и мозокот кон кожата. Додека ги следите виталните функции на повредениот, заштитете се себе си од слична ситуација.
Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот