Љубителите на поезијата се сѐ поретки и поради популарната прозна литература сѐ повеќе се заборава вредноста на пишувањето во стих во глобални рамки. Изненадувачки е фактот што во Македонија често се сретнуваат имиња на млади поети и поетеси, кои, не само што пишуваат туку и ги продаваат своите поетски збирки во голем тираж.
Еве 10 предлози за
љубовни поеми што Ви препорачуваме да ги прочитате:
1. She Walks in BeautyLord Byron (1788-1824)
Веројатно најромантичната поема во англиската литература е од перото на Бајрон. Идејата за женскиот шарм и елеганција за која се зборува во стиховите ја прават безвременска.
2. i carry your heart with me (i carry it in my heart)E. E. Cummings (1894 - 1962)
Поезијата на Кумингс секогаш била популарна кај младите веројатно заради комбинацијата на романтична и експериментална синтакса.
3. I loved you first: but afterwards your loveChristina Rossetti (1830 - 1894)
Оваа поема ќе Ве освои со начинот на кој ја истражува симболичната врска на љубовта и скромноста.
4. Valentine, Carol Ann Duffy (1955- )
Керол Ен Дафи вели дека водечкиот импулс за поетите низ вековите бил да се опише, испита и слави љубовта, еден од најинтензивните и најважни човечки искуства.
5. A Glimpse, Walt Whitman (1819 - 1892)
Оваа поема е веројатно најреалистичниот портрет на љубовен пар кој се бори против вревата и толпите од секојдневниот живот.
6. I Wanna Be Yours, John Cooper Clarke (1949 - )
Оваа поема ќе го воодушеви секој што е лудо вљубен и кој очајно се обидува да ги артикулира своите чувства.
7. Another Valentine, Wendy Cope (1945 - )
Оваа поема ги истражува критиките за Св. Валентин, најромантичниот ден во католичкиот календар.
8. Sonnet 116, Shakespeare (1564 - 1616)
Несомнено најпознатиот сонет на Шекспир ја содржи типичната дефиниција за љубовта. Таа не се менува или избледува, нема недостатоци и дури ја надминува смртта.
9. The Good-Morrow, John Donne (1572 - 1631)
Поемата е исткаена од духовна и сензуална љубов од гледна точка на љубовник што се буди, а користени се и библиски референци.
10. Love after Love, Derek Walcott (1930 - )
Ова е идеална поема за оние што неодамна се соочиле со разделба или несреќна врска. Поемата ја обработува идејата за тоа како да се засакате себе си по траума или загуба.