X
 16.12.2017 Живот

Само момент...

moment

Кога својот живот повторно би го проживеал
во следниот би се обидел да направам повеќе грешки,
не би се трудел да бидам толку совршен,
би се опуштил повеќе.

Би бил поглупав отколку што бев, навистина
многу малку работи би ги сфатил сериозно.
Помалку би се грижел за хигиената.

Повеќе би се изложувал на опасности, повеќе би патувал,
повеќе приквечерини би набљудувал, на повеќе планини би се качувал,
повеќе реки би препливал.

Би одел на повеќе места на кои никогаш не сум бил,
би јадел помалку грав, а повеќе сладолед,
би имал повеќе реални, а помалку измислени проблеми.

Јас бев од оние што разумно и плодно
ја проживеа секоја минута од својот живот: имав,
јасно, мигови радост.

Но кога би можел да се вратам назад,
би тежнеел само кон добри моменти.
Бидејќи, ако не знаете, животот од тоа е сочинет,
само од моменти; немојте да ги пропуштате сега.

Јас бев од оние што никогаш никаде не одеа без
топломери, термофори,
чадори и падобрани;
кога би живеел повторно,
би патувал полесен.

Кога би можел да живеам повторно,
од напролет би започнал босоног да одам
и така би одел до крајот на есента.
Повеќе би се вртел на вртелешките,
повеќе квечерини би набљудувал и повеќе со децата би играл,
кога животот повторно пред себе би го имал.

Но видете, имам 85 години и знам
дека умирам.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот