X
 08.11.2016 Култура

Што модерните Американци не копирале од Античка Грција создавајќи ја државата?

Античка Грција била моделот за владата на Соединетите Држави, но основачите испуштиле неколку работи - протерувања, гласање со викање, гласање со рака, плаќање за гласање

„Тоа што беше Атина во минијатура, Америка ќе биде во големината“, напишал Томас Пејн во 1792 година. Неговите зборови може да се толкуваат на многу начини, сепак главните аспекти на американскиот политички систем - од популарните референдуми за тајното гласање на поротниците - потекнуваат од старите Грци, пренесува „Национална геогрфија“.



Но, додека на античките Грци често се посочуваат како основачи на демократијата, само некои елементи од нивниот политички систем ги оформиле американските обичаи и навики. Заборавените аспекти на древните грчки политики се бројни и фасцинантни: гласање со крената рака или викање, протерувања со гласање на народот, просечни граќани кои директно и радикално управувале со јавните работи и многу други.

Што копирале Соединетите држави од класичниуот модел на Античките Грци, а што испуштиле?

Протерувања

Многу современи политичари сигурно би уживале да можат да ги видат своите ривали протерани и тоа со мнозинство гласови од народот. Во 5. век пред новата ера во Атина, тоа всушност било вообичаено. Граѓаните еднаш годишно се собирале на агората - јавно место за трговија и политика. Тогаш гласале дали дали некоја личност станала премногу моќна. Човекот кој добивал најмногу гласови бил протеруван од Атина во наредните 10 години. Лицето со најмногу гласови бил прогонет од Атина за 10 години. Имињата на кандидатите за егзил биле гравирани на мали парчиња керамика или на плочки. Биле неопходни најмалку 6.000 гласови за некој да биде протеран. На грчки се пишувало „острака“ на парчето керамика. Малкумина знаат дека тоа е коренот на ангизкиот збор ostracize (исклучува, прогонува).

Викање

Додека во денешната политика сигурно би звучело како натправер во викање, гласање со викање било пракса во античка Спарта. Ова всушност не било како гласното гласање, со да и не, во американскиот Дом и Сенатот. Во Спарта, специјални оценувачи го слушале и рангирале нивото на бучава. Тие оценувале колку гласно викале собраните граѓани кога кандидатите се појавувале пред нив. Најблиска модерна аналогија би била ако на стадионите се монтира „аплаузометар“ со кој владата би оценила кој кандидат добива најмногу гласови.

Гласање со рака

Античкиот грчки термин за гласање доаќа од зборот „камче“ и старите извори укажуваат на тоа дека Атињаните можеби првично гласаче со ставање на камчиња во керамички садови. До 5. век пр.н.е. Атињаните гласале со кревање рака или со мали бронзено жетони.



Во судските процеси или некои законодавни прашања, тие користеле еден вид на тајно гласање. Секој граѓанин добивал две бронзени прачки. Едната била шуплива, а другата полна. Прачките значеле еден глас, за или против. Нивната големина и дизајн биле така направени, што можеле лесно да се затскријата со палецот. Така гласањето било тајно.

Плаќање за гласање

Атињаните добвале и мали плати за членување во порота или во најголемото тело - Собранието. Плаќањето било демократска иновација за да се осигура дека сиромашните граѓани ќе останат доследни и покрај сиромаштијата. Имало дури и антички еквивалент на кампањата „Излези и гласај“. Во 5. век пр.н.е. драмскиот писател Аристофан опишува како потопувале јаже во црвена боја кое се користело за да се спроведе толпата граѓани до местото каде што тие би можеле да гласаат и да учествуваат во собранието. Додека „компензацијата“ за изгубеното време на граѓаните нудела можност на гласањето на учлествуваат многу луѓе, атинската демократија била и многу рестриктивна на одредени начини. Само возрасни машки граѓани можеле да учествуваат во поротите, Собранието или имаат каква било официјална позиција. Жените, странците и робовите биле категорично отфрлени.



Одлучување за тоа кој гласа

Атинската демократија била далеку поинклузивна и транспарентна од современиот американскиот систем. Сите граѓани што имале право на глас во Собранието, се состанувале еднаш на десет дена на мал рид само покрај Акропол, каде можеле да се сместат 5.000 до 6.000 членови кои обично учествувале на гласањето. Тука решавале многу прашања - воени, финансиски и религиозни, кој може да стекне граѓанство и почести и признанија за поединци. Помал совет од 500 граѓани се состанувал за да го подготви дневниот ред на Собранието. Овој помал совет, исто така расправал за прашања од надворешната политика и може да издава декрети за договори и сојузи. Овие 500 члена биле избрани по случаен избор од племињата на градот-држава. Атина била организирана на 10 племенски единици, дизјанирани за да се надминат класните, генеалошките и географските разлики. Така во помалиот совет членувале по 50 претставници од секоја единица. Клистен во 508 година пр.н.е. имплементирал племенска реорганизација која помогнала да се намали фракционерство и да се изгради кохезија во Атина. Секое племе било составено од граѓани од трите области кои претходно биле ривали: обичните, од ридовите и од брегот. Членовите на племиња заедно се бореле, славеле, жртвувале, се натпреварувале на верските празници.

Што ако САД денес стане повеќе „антички Грчка“?!

Американски политички систем кој верно ги имитирал обичаите и институциите на античката грчка демократија би бил непрепознатлив во многу нешта. На пример, би ги избирал сенаторите и конгресмените по случајна лотарија, со нови членови кои постојано би крушеле. „Племенска реорганизација“ би донела во ист табор да бидат Апалачки рудари, со брокери од Њујорк, технички директори од Калифорнија и сточари од Монтана. Популарните референдуми отворени за сите граѓани ќе играат значително поголема улога во одредувањето на сите домашните закони и на надворешната политика. Се разбира, овој систем сосема ќе ги исклучи од играта сите жени и имигранти и ќе им овозможи на граѓаните да ги протераат непопуларните лидери идеи и нивните идеи - што изгледа многу недемократски денес.

Томас Пејн и други основоположниците им се восхитувале на античките Грци, но тие исто така се плашеле од последиците од таквата радикално директна демократија. Како што пишува Џејмс Медисон во „Федералист 55“ - „Во сите многубројни собранија, од каков било состав, страст никогаш не успева да го одземе жезолот од разумот“.
Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура