X
 03.05.2022 Култура

Документарец на „Нетфликс“ носи шокантна приказна за понижување на сите што не се совршени

„Аберкромби и Фич“ е еден од најпопуларните американски брендови за облека, особено кога станува збор за младите. Иако компанијата е основана во далечната 1892 година, таа го достигна својот врв на популарност во 90-тите години и почетокот на 21 век, кога стана симбол и претставник на американските деца.

Документарецот на „Нетфликс“ под наслов „Подемот и падот на „Аберкромби и Фич“ неодамна доби големо медиумско внимание, а го прикажува овој бренд како најдобар претставник на американската висока средна класа во тие години: бела, расистичка, ексклузивна, а новите деца создаваат нереални стандарди за убавина, со страв од сè што не личи на нив.

- Постојат кул и популарни деца во секое училиште, а постојат и такви што не се кул. Искрено, ние сме насочени кон кул деца. Нашата цел е згодното американско дете со одличен став и многу пријатели. Многу луѓе не припаѓаат, ниту можат да припаѓаат во тој круг. Дали сме ексклузивни? Апсолутно - изјави во познатото интервју од 2006 година, Мајк Џефрис, извршен директор на брендот.

Низ различни примери документарецот го прикажува токму овој ексклузивитет за кој зборува Џефрис. Тоа е ексклузивитет што поддржува само еден тип тело, бело извајано младо машко тело и еден тип став кон животот: кул, опуштен, младешки оптимист со пари на сметка.

Доушниците што работеле во „Аберкромби и Фич“ раскажуваат и за дискриминаторските практики при вработувањето и во самата корпоративна култура. Компанијата завршила на суд бидејќи раководството имало списоци со работници кои ги оценувале според изгледот и го рангирале нивниот тен по пигмент.

Еднаш изгубиле судски спор затоа што ѝ забраниле на вработена да носи бурка, која ја носела од религиозни причини. Било забрането вработените да имаат и суканици.

Режисерката Алисон Клејман, која била тинејџерка токму за време на врвот на популарноста на компанија, вели дека сака да покаже како компанијата влијаела врз обичните луѓе. И тоа довело до стандарди за убавина и структурен расизам.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура