Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Во западните предели со услови за слаби врнежи од дожд и снег.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 3 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 3 односно до 13 степени.
Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 10 степени.
Првиот ден од викендот ќе ни донесе студено утро. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло со пораст на дневните температури. Минималните ќе се движат од -6 до 2 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 6 односно до 16 степени.
Во недела и понеделник Македонија ќе биде под влијание на влажна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните дневни од 5 до 15 степени.
Weather4all.com.mk