X
 11.11.2016 Култура

Леонард Коен почина на 82 години

По речиси 50 години на музичката сцена како пејач и текстописец, Лоенард Коен почина на 82 годишна возраст.

леонард коен


Во изјава за Roling Stone неговиот син Адам напишал:

„Татко ми почина мирно во неговиот дом во Лос Анџелес, знаејќи дека завршил еден од неговите најголеми записи. Пишуваше до последните моменти со неговиот уникатен хумот.“

Коен е еден од влијателните пејачи-тесктописци кои се појавуваат во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век и еден од ретките артисти од неговата генерација кој уживал успех и во осумдесетите. Во една изјава во 1992 година рекол дека чувствува како да неговата работа ќе нема крај.

По неколку неуспешни обиди да успее со поезија во шеесетите, околностите му одат во прилог да ја почне својата музичка кариера. Првиот албум на Леонард Коен Songs of Leonard Cohen (1967) е премногу мрачен за да има комерцијален успех, но е многу добро прифатен од страна на фолк-критичарите. Станува култен во Велика Британија, каде повеќе од една година останува на музичките листи. По него следат многу други албуми се до 2013 година кога се повлекува од очите на јавноста. Во октомври годинава го издаде You want it darker, зад кој стои и син му Адам како продуцент. Поради проблеми со грбот пејачот не го напуштал домот, но со помош на Адам ја снимал својата последна песна на лап топот во својот дом.

Во последниот месец од својот живот рекол дека често бил со тенденција да драматизира за себе си и дека планира да живее вечно, но по снимањето на последниот албум, на син му Адам му рекол дека сега е подготвен да умре.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура