X
 09.08.2017 Уметност

Леонард Коен и Дејвид Боуви - соочување со смртта преку уметност

Кога Леонард Коен го објави албумот „You Want it Darker“ во 2016 година, многумина сметаа дека тоа е неговиот последен албум. Пејачот почина по 19 дена. Неговата смрт ја посочуваа како реприза на она што се случи со легендарниот Дејвид Боуви, а и самата 2016 ќе остане запаметена како година кога светот изгуби многу големи музички имиња.

фото извор: abc.net.au

По само два дена од објавувањето на албумот „Blackstar“, Боуви го шокира светот кога почина од болест што не сакал да ја сподели во јавноста. Фановите и на Коен и на Боуви се сомневаа дека нивните последни дела всушност биле артистички интерпретации на соочувањето со смртта.

Коен користи фрази позајмени од еврејска молитва за тагување и жалење. Додека, пак, нерелигиозниот Боуви користи вокабулар преку кој ја истражува нашата врска со смртта. И покрај соочувањето со смртта, Боуви нуди доза на оптимизам во своите последни стихови, најавувајќи ново инспирирано битие што ќе произлезе од смртта.

Велат дека човештвото не може да ја измами смртта, но може преку своите дела да остави наследство кое ќе се памети и ќе се пренесува на идните генерации. Легендарните Леонард Коен и Дејвид Боуви и нивните музички кариери, кои се вистински феномен, сигурно ќе надживеат и ќе опстојат.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност