X
 14.11.2016 Наука

Дали човештвото може да преживее нуклеарна зима?

Ужасите кои нуклеарните бомби веќе ги донесоа на нашата планета, тешко е да се замисли дека најлошото нешто од нуклеарната војна не се самите експлозии туку ефектите во неделите, месеците и годините после неа.

 

zima


Секако, експлозиите имаат потенцијал да убијат милиони луѓе во истиот момент меѓутоа ефектите би можеле да убиваат милијарди луѓе полека. А најкатастрофалните последици од оваа вештачка апокалипса би била нуклеарната зима.

Во 1980-тите, група на научници во кои бил вклучен и познатиот Карл Саган, објавиле истражување во кое опишале каков ефект врз животната средина ќе имаат гасовите на азотни оксиди, облаците од прашина, шумските пожари и горењето на нафтата и пластиката после нуклеарна војна. Истражувањето наречено „ТТАРЅ“, истакнало дека облаците од овие избори би можеле да го блокираат сонцето неколку недели. Како резултат на тоа, се проценува дека температурата на површината би опаднала за 15 до 25 степени Целзиусови, иако научниците ги омекнале нивните проценки на максимум пад од 20 степени Целзиусови неколку години подоцна.

Ова го натерало еден од авторите на истражувањето, д-р Ричард П.Турко, да започне да го користи терминот „нуклеарна зима“. Овој ненадеен студ во комбинација со зрачењето од нуклеарните последици сигурно би ги убило повеќето растенија. И покрај тоа што облаците би го блокирале сонцето, сепак штетните УВ зраци би имале големо влијание поради озонската обвивка уништена од експлозиите. Додека Карл Саган и другите автори на истражувањето веруваат дека ова би било смртна казна на човечкиот род, Д-р Турко бил поголем оптимист: „Моето лично мислење е дека човечкиот род нема да исчезне, но цивилизацијата за која знаеме ќе исчезне“, изјавил тој.

Дали луѓето би можеле да преживеат нуклеарна зима, погледнете подолу.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука