Холандски археолог се обидува да ја разбранува грчката историја тврдејќи дека Партенон во последните 2000 години носи погрешно име.
Холандските истражувачи тврдат дека името „Партенон“ распространето во римскиот период првобитно му припаѓало на сосем различен археолошки објект, а не на колосалниот камен храм, кој доминира на врвот на атинскиот Акропол и привлекува милиони туристи годишно. Според проучувањата на Универзитетот во Утрехт, вистинскиот Партенон всушност бил древен грчки склад или трезор што содржел дарови за божицата Атина и тоа денес е познатиот Ерехтејон, што се наоѓа на само 100 метри од централниот храм на Акрополот.
Според холандските истражувачи, Партенон, познат на сите од древноста, се нарекувал „Хекатомпедон“.
- Тоа е храм со должина од 30 метри, основниот храм бил со истата таа должина - тврди археологот Јаник ван Рукхјудзен.
Што се однесува до Ерехтејон, кој е познат во светски размери поради своите каријатиди што го држат покривот, тој вели: - Логично е древните Грци да го нарекуваат овој храм Партенон или на друг начин - Дом на девиците.
Тој признава дека поимот Хекатомпедон што се споменува во древни архиви кои датираат од пред 2500 години е сложен збор.
- Хекатомпедон е збор тежок за изговарање. Тоа можеби е една од причините зборот
Партенон да бил избран на крајот, затоа што е многу полесен за изговарање - тврди археологот.