Најдобрите апликации за буџетот се фокусираат да ви помогнат да откриете како ги трошите вашите пари без рачно да го пишувате секое ваше купување.
Повеќето од нив можете да ги поврзите со вашата сметка во банката и автоматски да видите каде ги трошите вашите пари, да добивате известувања за сметки и да видите колку пари ви останале за одреден производ. Ова се најдобрите апликации за буџетот кои ќе ви помогнат да заштедите пари.
Mint Budgeting App
Oва е една од најдобрите апликации бидејќи го нуди најдобриот план за вашиот буџет. Можете да ја поврзите со вашата банкарска сметка и да ги искористите вашите детали за да направите личен буџет. Апликацијата ќе ви испрати предупредување доколку забележи необични активности на сметката. Достапна за iPhone, iPad и Android.
PocketGuard
Оваа апликација се поврзува директно со вашите банкарски сметки за да можете секогаш да имате пристап до вашите моментални транскации и баланс. На екранот се наоѓа бројот кој покажува колку пари имате, и колку сте потрошиле. Едноставните табели покажуваат каде ги трошите парите. Aпликацијата е достапна за iPhone, Аndroid и на веб.
You Need a Budget
Ова буџетски систем кој ви помага да создадете буџет со кој ќе бидете во чекор. Се фокусира на четири правила за да ви помогне да си го организирате животот со едноставни промени. Може да работи на компјутер, iPhone и Android.
GoodBudget
Ова е дигитален буџетски систем кој ви помага да ги менаџирате вашите финансии користејќи плико буџетски метод без да носите насекаде пликоа кога ќе треба да плаќате. Апликацијата е достапна за iPhone и Аndroid.
Mvelopes
Ова е уште една одлична буџетска апликација која ви помага да ги следите вашите финансии. Можете да ја поврзите со сметката од банката, а можете и да плаќате сметки, да го менаџирате и планирате буџетот токму од вашиот телефон. Достапна е за iPhone и Android.
Wally
Апликација која одлично ги следи вашите трошоци. Бесплатна е и ви овозможува да ги внесувате вашите трошоци или со пишување или преку фотографија од вашата фискална сметка. Достапна за iPhone и Android.
Level Money
Оваа апликација ви помага да се држите до одреден буџет со тоа што ви покажува колку можете да потрошите денес, оваа недела и овој месец. Достапна за iPhone и Android.
Unsplurge
Уште една апликација која ви помага со буџетирањето на различен начин. Оваа апликација е одлична доколку штедите за нешто специфично. Навистина е забавна за користење, особено ако вашата заштеда е за одење на одмор, купување iPhone 6s или друга поголема цел. Достапна за iPhone.