Најавите дека цените ова лето во Грција ќе бидат повисоко отколку минатата година, се чини дека не се вистина, барем што се однесува до овошјето, зеленчукот и производите на пазарите.
Фото: Thinkstock
Како што сведочат фотографиите поставени од туристите на веб страницата „Grckainfo“, цените се слични како минатогодишните. Но, треба да имате на ум дека главната сезона сепак не е започната.
Колкави се цените во кафулињата и пазарите во Лефкада, Паралија и Ставрос можете да погледнете на фотографиите.
Сепак, грчките власти, соочени со новите услови од Меѓународниот монетарен фонд и процесот на финансиска консолидација, ја засилија финансиската контрола на угостителските објекти. Контролите започнале веднаш после отворањето на локалите.
„Никогаш не знаеме кога ќе дојдат контролите. Тешко е после толку години да се воведе ред, но со оглед на тоа што казните се движат од 15.000 до 100.000 евра, опасно е да се ризикува“, вели новинарот Данас Никос Палаивакис, сопственик на ресторанот за брза храна „Попај“ во Паралија.
Што се однесува до цената на гирото, таа остана 2.2 евра, со таа
разлика што за секој додаток се наплатуваат 0.3 евра. Цената на овој популарен грчки специјалитет кога е во порција се движи од 6.5 до 8 евра, што во просек е зголемување за околу 10%. Еспресото е 1.2, пивото од 2.5 до 4 евра и тоа според најавите ќе бидат цените за оваа сезона.