X
 16.11.2016 Живот

Чомски за Трамп: „Постои една надежна перспектива од оваа победа“

чомски

 

Можеби победата на Трамп беше шок за многумина, меѓутоа не и за познатиот научник и активист Ноам Чомски, кој предвиде сличен исход во 2010 година. Сега Чомски гледа една надежна перспектива од претседателството на Трамп.


Во 2010 година, Чомски, кој е професор на Институтот за технологија во Масачусетс, ја опиша ситуацијата во Америка како слична на онаа во Вајмарска Германија.

„Највпечатливиот факт за Вајмар не беше тоа што Нацистите успеаја да ги уништат социјалдемократите и комунистите, туку дека традиционалните партии, конзервативната и либералната, беа омразени и со тоа исчезнаа“, изјави тој.

„Ако дојде харизматична и искрена личност, оваа земја ќе биде во неволја поради фрустрацијата, разочарувањето, оправданиот грев и отсуството на било каков кохерентен одговор. Што луѓето треба да мислат ако некој каже: „Имам одговор, ние имаме непријател“. Таму беа Евреите. Тука сега се илегалните имигранти и црнците“.

Предвидувањето на Чомски беше морничаво точно. Сега, 6 години подоцна, тој зборува за моменталната американска политичка сцена.

Опишувајќи го демократскиот естаблишмент како еквивалент на „умерени републиканци“, Чомски посочува дека републиканците се посветени на богатите и на корпоративниот сектор, и тие не можат даа добијат поддршка за нивните програми без да ги мобилизираат евангелистите, нативистите, расистите и жртвите од формите на глобализација.

„Лутите и незадоволните се жртви на неолибералните политики од минатата генерација. Овие групи имаат гнев кон центристичкиот естаблишмент“, вели Чомски.

Овие гласачи веруваат дека Трамп ќе донесе промена иако „и најминималниот поглед во неговиот израз, неговите предлози го покажуваат спротивното“, вели Чомски.

Тој ја опишува кампањата на Трамп како извонредна во нејзиното избегнување на прашањата што медиумите генерално го почитуваат.

Непредвидливоста на новоизбраниот претседател прави тешко да се каже како ќе изгледа лидерството на Трамп, меѓутоа Чомски истакнува дека земјата ќе ја води човек кој ги негира климатските промени.

„Врховниот суд ќе биде во рацете на реакцонерите долги години, со предвидливи последици. Една надежна перспектива е тоа што може да постои намалување во опасната тензија со руската граница“, додава тој.

Чомски опиша дека можен исход може да види европската цел да ги смири тензиите. „Може да се движи кон нешто како што е визијата на Михаил Горбачов за интегриран евроазиски систем на безбедност без воени сојузи“.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот