X
 16.11.2016 Живот

Позната авиокомпанија објави оглас за „најлоша работа“

 Ryanair е позната авиокомпанија со седиште во Даблин, која неодамна објавениот оглас за работа на позиција „асистент на извршниот директор“ го насловила како „најлоша работа во Ирска“.

авион


Компанијата во барањата има наведено необични услови што треба да се задоволат, меѓу кои и кандидатот да има дебела кожа, трпение на светец и голема способност да задоволува егоистични испади, а никако не смее да биде навивач на Манчестер Јунајтед.

Во огласот е наведено дека личноста треба да се запознаена со финансиски трансакции, но дополнително, да има аверзија кон бесмислени разговори, сопствена колекција на приспивни песни и приказни за добра ноќ како и способност да работи без да спие.

Извршниот директор по податоците напишани во огласот е „погрешно разбран, но сакан“, а ако кандидатот е навивач на Манчестер Јунајтед не само што автоматски ќе биде исклучен од процесот на аплицирање, туку ќе биде пронајден, мачен и стрелан.

Од авиокомпанијата истакнуваат дека позицијата е идеална за амбициозни и мотивирани сметководители кои сакаат да работат во интересно опкружување со многу побарувања.


оглас
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот