X
 09.02.2018 Живот

Ветената земја: Зошто сите сакаат да заминат во Ирска?


Паб во Даблин
(Фото: Pixabay)


Ирската агенција за вработување Action Recruitment бара голем број угостители за работа во Ирска. Платата што ја нудат е повеќе од атрактивна – се движи и до 2.350 евра!

Оваа агенција, специјализирана за угостителство, бара работници за повеќе позиции, меѓу другото се бараат готвачи, собарки, келнери, рецепционери, шанкери и спа-терапевти.

Платата, во зависност од позицијата и стручната подготовка, се движи и до 2.350 евра месечно.

За позицијата готвач, идеалните кандидати треба да поседуваат минимум 6 до 12 месеци искуство како готвачи во хотели или во високорангирани ресторани.

Кандидатот мора да биде трудољубив, а се бараат и комуникациски и тимски вештини, а за возврат нудат работа во најсовремени услови со високи месечни примања, но и со дополнителни привилегии.

Во ирските хотели се бараат и собарки, а за оваа позиција исто така е неопходно работно искуство од 6 до 12 месеци во хотели со минимум 3 ѕвездички.

Месечната плата за оваа позиција изнесува 1.800 евра или 21.500 евра на годишно ниво.

Ирската агенција исто така е заинтересирана и за шанкери и келнери, па во огласот се наведува дека бараат пасионирани келнери и шанкери кои имаат работно искуство во луксузни ресторани, хотели или коктел-барови со вонредни познавања на храната и пијалаците, како и добро владеење на англискиот јазик.

Платата што се нуди за овие позиции се движи од 21.500 до 33.600 евра на годишно ниво.

За рецепционери и спа-терапевти годишната заработувачка изнесува 22.850 евра.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот