Тери Бордер е уметник кој студирал уметност на фотографијата. Во обид да ја вежба својата креативност и смислата за хумор, тој го започнал проектот наречен „Bent objects“ во 2006 година. Проектот ги прикажува секојдневните предмети со екстремитети од жица во различни пози и средини.
Со тоа тој успеал да создаде смешни, забавни приказни и да ги претвори во нешто визуелно.
„Кога ќе видам дека луѓето се смејат на она што сум го создал, знам дека сум создал некаков вид на поврзаност со нив. За мене не постои ништо подобро од тоа на таков начин да се цени моето дело“, вели тој.
Линк до галеријата.