Оваа година се покажа одлична за литературните сладокусци, но доколку сè уште имате дилема која книга го заслужува вашето внимание, земете ја предвид годишната листа на
Амазон Books во која се сместени најдбрите за 2016 година.
Уредниците на Амазон Books исчитаа илјадници страници пред да ја состават листата, на која се најдоа бројни мемоари, но и дебитантски книги на новопечени автори.
„Голем беше предизвикот да се селектираат најдобрите“, изјави еден од уредниците, Крис Шлуеп. „На крај, најдобрата книга ја избравме од неколку причини: прво, затоа што претставува големо литературно дело, второ, најмногу допре до нас и трето, таа е книга на која секогаш ќе се навраќаме.“
Погледнете го изборот на Амазон за 2016 година (пропратните коментари се на уредниците на Амазон):
10. Swing time од Zadie Smith
„Маестрален роман кој се посветува на големи прашања: раса, класа, подеми и падови на едно долгорочно пријателство, изречени со милоста и едноставноста на танчерот.“
9. Before the fall од Noah Hawley
„Од наградуваниот творец на ‘Фарго’ ни доаѓа возбудлива книга за авионска несреќа и божемното херојство на преживеаните.“
8. Pumpkinflowers од Matti Friedman
„Незаборавен документаристички роман за луѓето што ги променила војната, прикажани преку глас што истовремено е едноставен и литерарен.“
7. Another Brooklyn од Jacqueline Woodson
„Неверојатен, поетичен роман за воспитувањето на жените и црнците во седумдесеттите, во време на конфликтни притисоци.“
6. Lab girl од Hope Jahren
„Инспиративен и забавен мемоар за работата, животот и љубовта на една ботаничарка која еднакво вешто ги открива природниот свет и меѓучовечките односи.“
5. Mischling од Affinity Konar
„Прекрасниот роман на Афинити Конар што зборува за две сестри близначки кои го преживеале Аушвиц е особено чувствителен, инспиративен и надежен.“
4. The Nix од Nathan Hill
„Голем и паметен роман посветен на многу нешта: семејство, политика, револуција и на тоа што избираме да го запомнеме (или да го заборавиме).“
3. Hillbilly elegy од J. D. Vance
„Интимна турнеја низ сегменти на културата која го губи својот пат во модерна Америка.“
2. The wolf road од Beth Lewis
„Делумно трилер, делумно Вестерн, овој дебитантски роман зборува за една млада машкоданка која се обидува да преживее во постапокалиптична дивина, барајќи ги своите родители.“
1. The underground railroad од Colson Whitehead
„Брилијантен, мудар, фантастичен а сепак приземјен портрет на една млада робинка која ја бара својата слобода по патот на една подземна железница.“