X
 19.11.2016 Наука

Како би изгледал светот без возачи?


Сообраќај

Што би се случило кога сообраќајот би течел подмачкано и ефикасно, исто како што ни протекува крвта низ вените? Ванис Кабај, стручњак за транспорт, во своето излагање на една TED конференција кажа дека би можеле да се угледаме на генијалноста на биологијата и да ги дизајнираме транспортните системи на иднината. Неговиот сон е создавање динамичен свет без возачи. 

Кабај вели дека ужива да ги набљудува градовите од висина, низ авионскиот прозорец. Според него, градовите се живи суштества, а најинтересно во нив се „артериите“ што го структурираат, како што тој го нарекува,  градскиот кардиоваскуларен систем што ја врши својата функција пред љубопитните очи на набљудувачот. Но, додава дека неговата импресија се менува откако ќе влезе во автомобил и ќе се соочи со реалноста. За него не е сфатливо зошто сме измислиле автомобили што се движат со 210 километри на час, кога фактички се движиме со брзина со која се движеле кочиите во 19 век. Некои пресметки зборуваат дека само во Америка во 2014 година биле „потрошени“ 29,6 милијарди саати на патување од работа до дома и обратно. За тоа време, вели тој, древните Египќани можеле да изградат 26 пирамиди. Но, поентата е дека трошиме огромно количество време, енергија и човечки потенцијал и тоа е загрижувачки податок.

Моментот на илуминација, како што милува да го нарече Вабај, му се случил во разговор со пациентка на биотехнологија. Таа му зборувала за пријатното дејство на третманот врз нејзиниот кардиоваскуларен систем. Во тој момент Вабај сфатил дека биологијата веќе милијарди години се занимава со „сообраќајот“ и дека таа е најсофистицираната сообраќајна лабораторија на светот. Додека кардиоваскуларниот систем  во нас работи во три димензии, нашиот соодбраќаен систем главно е дводимензионален. Значи, изградбата на 3D сообраќајни мрежи е еден од начините за управување со метежот во сообраќајот, но не и единствен...

За да дознаете повеќе за неговите возбудливи концепти како што се модуларните, монтажни автобуси, летечките такси возила и мрежите од висечки магнетни капсули, погледнете го неговото излагање што ви го споделуваме во продолжение:

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука