X
 23.11.2016 Наука

Мистериозна пирамида на Антартикот - база на вонземјани?

Постои чудна теорија со која се тврди дека има мистериозна пирамида во Антартикот. Теоретичарите на заговори споделиле видео на YouTube, во кое се тврди дека државниот секретар на САД, Џон Кери, заминал на Антартика за да ја посети „вонземјанската база“ која наводно се наоѓа во пирамидата.


Во видеото се зборува дека сликите биле преземени од Google Earth, но не е јасно дали се монтирани. Видеото е споделено од каналот „Third Phase of the Moon“, YouTube канал кој вообичаено споделува теории на заговори поврзани со вонземјани.

Прикажана е пирамида затрупана со снег со ознака слична на Google и игла. На ознаката пишува „Antartica Pyramid“, погрешно  – со грешка во спелувањето на „Antarctica“, што може да значи дека е фалсификувано.

 


Коментарите на оние што го погледнале видеото се различни, од позитивни реакции до негативни реакции.

Се уште е нејасно за каква градба станува збор, но изгледа слично на природен планински врв што се издигнува над глечери. Пирамидите често се поврзуваат со теории на заговори и вонземјански свет. Во октомври исто така на YouTube, се објавило видео во кое се зборува за кристална пирамида под Бермудскиот триаголник, која наводно е виновна за исчезнувањето на неколку авиони и бродови во морето. Во 70-те години пак, објавени биле многу мислења со кои се тврдело дека таквите објекти може да чуваат храна, да генерираат здравствени придобивки па дури и да ги одржуваат сечилата остри.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука