X
 05.05.2020 Наука

Јапонија работи на протокол за соочување со НЛО

Откако Пентагон објави видеа од неидентификувани летечки објекти (НЛО) минатиот месец, јапонската влада почна да се подготвува за потенцијална средба со такви објекти.

Од министерството за одбрана на Јапонија велат дека нивните пилоти никогаш не забележале НЛО, но властите сакаат да се подготват доколку тоа се случи во иднина.


Фото: Pixabay

За новите протоколи, Јапонија би можела да ги искористи оние што се насочени за идентификување воени дронови. Во моментов Јапонија испраќа воени авиони секогаш кога ќе забележи непознат авион што лета над земјата. Доколку е потребно, воените летала се обучени да го принудат непознатиот авион да слета. Секако, не се знае дали овие методи би функционирале на НЛО, па потребни се нови насоки.

- Да бидам искрен, не верувам во НЛО. Но бидејќи министерството за одбрана објави такво видео, би сакале да слушнеме од американската страна за нивната намера и анализа - изјавил министерот за одбрана на Јапонија, Таро Коно.

Новите протоколи на Јапонија се засноваат на хипотетичко сценарио во кое пилот забележува НЛО во текот на неговото летање.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com  
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука