Неодамна „Еуростат“ ги објави податоците за тоа кои крајбрежни места за капење во Европа имаат одличен квалитет на водата, а Хрватска го зазеде првото место на листата.
Според извештајот, околу 99,2 отсто од набљудуваните места за капење низ Хрватска се оценети како одлични, што значи дека се безбедни за капење.
Најновото тестирање во Хрватска покажа дека Личко-сењската, Задарската и Шибенско-книнската жупанија се три жупании каде што резултатите на тестовите на сите мерни станици и места за капење покажале дека морето е со одличен квалитет за капење.
На второ место се наоѓа Малта, каде што 96,6 отсто од испитаните области за капење се оценети како одлични.
На трето место се најде Грција со 95,8 отсто, а потоа следуваат Словенија, Шпанија, Кипар, Белгија и Португалија.
Фото: Eurostat