X
 01.08.2016 Култура

Која земја од ЕУ има најголем број на иселени жители?

Од 28-те земји членки на Европската Унија, која има најголем број жители кои живеат надвор од нивната татковина?

 

земји


Одговор: Велика Британија.

Имигранти наспроти иселеници

Додека гласачите во Велика Британија го одобрија Брегзитот и овозможија оваа земја да ја напушти Европската Унија за да се спречи приливот на странски имигранти, фактот што 4.9 милиони Британци живеат во други земји воопшто не се споменува.

Кога последен пат сте слушнале да се искористи поимот „имигранти“ кога станува збор за државјанин на Велика Британија или пак државјанин на било која развиена западна земја? Наместо тоа, тие се нарекуваат „иселеници“, збор кој има различни конотации, но во суштина значи исто.

Теоретски, значењата се исти (со некои дефиниции имигрантите се само постојани жители), но во пракса работите не се такви. Додека голем број Британци во Америка се сметаат за иселеници, мексиканските земјоделски работници кои живеат во Америка (постојано или привремено) се опишани како имигранти.

Која е разликата?

Во нивната секојдневна употреба, имигрант е човек од сиромашна земја кој се преселува во богата земја во потрага по подобар живот додека иселеникот доаѓа од богата земја кој оди да работи во странство. Фактот што постојат различни термини за луѓето од богатите земји и луѓето од сиромашните земји е само една јасна илустрација за тоа колку е глупав начинот на кој се разговара за имиграцијата.

Каде се фактите?

Јавното мислење за имиграцијата стана одлучувачки фактор во некои од најважните геополитички настани во светот. Ставовите за имиграција го обликуваа одговорот на светот за бегалската криза, политиката за војната против тероризмот како и претседателската трка во Америка оваа година. Сепак, основните факти во врска со имиграцијата речини никогаш не се појавуваат во дебатата.

Колку добро ги познаваме основните факти во врска со имиграцијата? Еве што покажува истражување од IPSOS.

Колку имигранти постојат? - За вакво фундаментално прашање, развиените земји во светот се погрешно информирани. Голем дел од нив веруваат дека бројката е неколку пати повисока од вистинската.

 

1


Колку е големо муслиманското население? - еден од главните проблеми околу имиграцијата е ризикот од тероризам од исламските екстремисти. Колку добро земјите знаат за големината на нивното муслиманско население?

 

2


Германците веруваат дека нивното муслиманско население е 3 пати поголемо отколку што вистина е додека Унгарците го проценуваат нивното муслиманско населени дури 70 пати повеќе.

Што значат бројките?

Дали овие бројки значат дека Велика Британија не требаше да ја напушти Унијата?

Она што овие бројки го покажуваат е глупавиот начин на кој Западот зборува и дискутира за имиграцијата.

Ако „премногу имигранти“ е причината за донесувањето на важни одлуки, тогаш „колку имигранти има?“ е прашање кое треба да може да се одговори. И пред да започнат да се преземат мерки за запирање на имиграцијата, потребно е народите да бидат доволно силни да признаат дека имаат сонародници кои живеат во странство како имигранти и да ја искористат имиграционата политика на другите земји.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура