X
 24.11.2016 Технологија

Која е разликата помеѓу корисниците на Ајфон и Андроид?

Изборот на телефон може да открие многу повеќе за вашиот карактер отколку што мислите. Нова студија покажува дека лицата кои купуваат телефони со Андроид се поискрени, отколку оние кои бираат Ајфони. Тие пак, се екстроверти и гледаат на своите телефони како израз на нивниот статус во општеството.


Група истражувачи од Универзитетот „Линколн“ и „Ланкастер“ испитувале стотици луѓе и нивната поврзаност со телефоните. Откриле дека лицата кои користат Андроид се претежно постари лица, од машки пол, поискрени луѓе кои не ги кршат правилата за свои цели, а и помалку се интересираат за богатство и статус.

Од друга страна пак, оние кои поседуваат Ајфони се помлади, најчесто жени, помалку загрижени за поседување на уред кој е фаворизиран од другите. Ова е првата студија која покажува поврзаност помеѓу карактерот на луѓето и нивниот модел на телефон.

Истражувачите им доделиле на 500 лица неколку прашалници за себеси и нивниот став кон сопствениот мобилен телефон. Во една студија, психолозите дури и развиле компјутерска програма која може да предвиди каков тип на паметен телефон поседува некое лице врз основа на карактерните разлики помеѓу корисниците на Ајфон и Андроид.

Од Универзитетот „Линколн“ сметаат дека се поочигледно е дека мобилните телефони се претвараат во мини дигитални верзии на самиот корисник, па затоа многумина од нас не сакаат кога други го допираат нашиот телефон, бидејќи тие откриваат многу за нас.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија